Кaзнети 199 возачи во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mинистерството за внатрешни работи информира дека при сообраќајните контроли во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 санкции.

Полициските службеници во изминатото деноноќие изрекле 23 казни за управување со брзина поголема од дозволената, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 13 за нерегистрирани и технички неисправни возила. Воедно изречени се 12 казни за управување под дејство на алкохол, 10 мерки за користење на мобилен телефон и 7 санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло).

Од МВР најавија дека ќе продолжат сообраќајните контролите и во наредните денови. До граѓаните апелираат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This