Кaкo ли cтигнaлa дo нeгo?: 3aплeнeтa дpoгa кaj зaтвopeник вo зaтвopoт вo Стpyгa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

При претрес во затгворот во Струга била откриена марихуана. Како што информира МВР, акцијата била спроведена од страна на Одделот за Криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид ОВР Струга и затворската полиција од Казнено поправната установа Теферич Струга.

При контрола и претрес над затворските ќелии со цел обезбедување на материјални докази и заплена на наркотична дрога, при што околу 19 часот во КПУ Затвор Струга кај затвореникот Ѓ.П. пронајдена е околу 250 грама марихуана.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Струга со цел понатамошно постапување за кривично правниот настан и против осуденото лице кај кое беше пронајдена наркотичната дрога ќе биде поднесена кривична пријава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This