March 28, 2024, 10:32 am

КAKO ПРИНЦЕЗА: Роналдо во Дубаи засенет од свршеницата која некогаш им продавала облека на богаташи како него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Георгина и Роналдо се запознале во 2016. година на забава на модниот двоец Долче&Габана.Светот за неа дознал откако во неа се вљубил еден од најпопуларните светски фудбалери, Кристиано Роналдо.

Станува збор за 24. годишната Георгина Родригез која работела како продавачка во бутик на Гучи во Мадрид кога во 2016. година се појавила на луксузната забава на модниот двоец Долче&Габана и таму го запознала Кристиано.

Кога во јавност се појавиле нивните први заеднички фотографии од Дизниленд, Георгина добила отказ, бидејќи на шефовите не им се допаднало толкавото медиско внимание, а ниту фактот дека пред продавницата дење ноѓе постојано седат папараци за да ја фотографираат.
Погодувате, Георгина наскоро потоа станала популарен модел, а занесната црнка навистина може да се пофали со линија од соништата која сака да ја покажува на социјалните мрежи.
Сепак, на синоќешното доделување на наградата „Globe Soccer Awards” во Дубаи на која и нејзиниот мил примил признание за фудбалер на годината, Георгина пленела со внимание во издание во какво досега не сме имале можбост да ја видиме.

На парот друштво им правел најстариот син на Кристиано, Кристиано Роналдоо Јр, кој им е често друштво и на романтичните состаноци. На Роналдо близнаците му ги родила сурогат мајка, како и првиот син, додека во ноември 2017. година Георгина му ја родила ќерката Алана Мартина која му е прво биолошко дете.

Судејќи по социјалните мрежи, манекенката одлично се снашла во семејните обврски кои сигурно и’ ги има со толку деца. Сепак, занесната Шпанка родена во Буенос Аирес баш секогаш стасува да изгледа беспрекорно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This