Кapши Холидеј Ин никнyвaaт облакодepи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тече постапката за изградба на висококатници на парцелата спроти „Холидеј ин“ каде треба да „никнат“ облакодери високи 80 метри….

Инвеститорите, фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“, уплатиле комуналии во висина од 150 милиони денари или 2,43 милиони евра и тоа 60 отсто на Град Скопје (1,4 милиони евра) и 40 отсто на Општина Центар (1 милиони евра), дознава СДК.Мк.

Од вкупната сума, 60 отсто или околу 1,4 милиони евра ќе легнат на сметката на Град Скопје, а останатите 40 отсто (1 милион евра) ќе завршат во касата на Центар.

„По уплатата на комуналиите, неопходно е да се обезбеди цела, потполна документација потребна за аплицирање, па дури потоа да се бара одобрение за градење. Од предвидените 200.000 квадратни метри кои ги предвидува ДУП-от донесен во 2012-та година, а стапи на сила откако Уставен суд одлучи да го укине „мораториумот“, според поднесениот идеен проект, се планира искористеност од 83.000 квадратни метри.

За тоа што точно ќе се гради, зависи од планираниот проект на сопственикот“, велат од општина Центар, МКД.Мк.

Неофицијално, во првата фаза предвидена е изградба на станбен објект со 20 ката и височина од 80 метри, на парцелата на МПЦ. Во втората фаза се предвидува изградба на станбено-деловен објект со 22 ката и височина од 15 и 88 метри. Во третата фаза се предвидува изградба на трговски центар од затворен тип со височина од 15 метри и деловна зграда – кула со 16 ката и височина од 76,5 метри.

Шефицата на Антикорупциската комисија вели дека овој катастрофален проект може да се спречи само со граѓански притисок за референдумско изјаснување „па да видиме дали луѓето ќе аминуваат изградба на облакодери“ вели Буљана Ивановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This