Кoмeнтapитe зa иcлaмoт на Макрон ги oбeдиниja нeпpиjaтeлитe Иран и Саудиска Арабија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бесните прекори кон францускиот претседател Емануел Макрон продолжуваат да пристигнуваат од целиот муслимански свет. Иран и Саудиска Арабија, кои имаат меѓусебна политичка нетрпеливост, заеднички ги осудија коментарите на францускиот претседател за исламот, пренесува РТ.

Макрон го привлече гневот на муслиманите со своите коментари по убиството на францускиот професор Самуел Пети, кој беше обезглавен поради карикатурите на пророкот Мухамед што им ги покажал на учениците за време на часот за слобода на говорот.

Макрон рече дека Пети е убиен „затоа што исламистите ја сакаат нашата иднина“, додавајќи дека Франција нема да се откаже од своите карикатури.

Саудиското Министерство за надворешни работи соопшти дека отфрла секаков обид за поврзување на исламот и тероризмот и ги осуди карикатурите како навредливи, истовремено додавајќи дека го осудува секој терористички чин без оглед кој го извршил.

https://twitter.com/KSAMOFA/status/1320980638892236800

Иранското Министерство за надворешни работи го повика францускиот амбасадор поради коментарите на Макрон. Претходно во понеделникот, коментарите беа осудени од иранските законодавци и од судството, а министерот за надворешни работи, Џавад Зариф, ги критикуваше, како што рече, колонијалните режими за ‘извоз’ на омраза и виктимизација на муслиманите.

Францускиот претседател веќе беше критикуван од највисоките претставници во многу муслимански земји.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го доведе во прашање менталниот капацитет на Макрон и повика на бојкот на француските производи, чувство кое беше широко распространето на социјалните мрежи во муслиманскиот свет и веќе беше поддржано од неколку супермаркети.

Среде бурата од коментари, пакистанскиот премиер Имран Кан побара од извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукербер, да ја забрани исламофобијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This