КOРOНAТA НЕ БИРА: Бoлecтa сее cмpт во Бразил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Останала дома, носела маска, оддржувала чистота, се грижела за сите во семејството да ги почитуваат мерките на властите во Бразил, но сепак не ја прежива болеста Ковид-19 и почина. 22-годишната Аманда Да Силва од Рио Де Женеиро по 18 дена поминати во болница синоќа е погребена на градските гробишта, од каде нејзиното семејство со солзи и тага испрати порака до сите граѓани на Бразил дека заразата не треба да се потценува.

Гледаме луѓе без маски, кои не се загрижени за состојбата. Луѓето треба да се грижат, да се заштитат себеси, таа болест е таму, постои, ако не постоеше и мојата ќерка не би била таму“, рече тој додека гледаше во гробот на Аманда.

На гробиштата Кајо во Рио де Женеиро , се додаваат редови нови гробови за да се справат со зголемувањето на смртните случаи предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Состојбата на Рио де Женеиро е втора со најмногу смртни случаи во Бразил, каде што починале над 3.200 луѓе, а повеќе од 30.300 биле пријавени заразени од COVID-19. Во последниве денови, Бразил стана земја со третиот најголем број на инфекции, заостанувајќи зад САД и Русија.

Кина, пак, започна да испорачува трајни мерки против пандемијата. Властите во Вухан, епицентарот на пандемијата на коронавирусот, официјално забранија јадење на сите диви животни. Локалните власти соопштија дека е забранет лов на сите диви животни со исклучок при мерки за „научно истражување, регулирање на популација, следење на епидемии и други посебни околности“. Кина е под притисок на глобалната заедница да се справи со својата нелегална трговија со животински свет, откако беше поврзана со појавата на зоолошки заболувања.

Италија која за најкус временски период даде нејголем број жртви од Ковид-19, а преку најновто научно истражување дошла до сознание дека секој дваесети дарител на крв во Милано развил антитела на Ковид-19, пред првиот официјален позитивен случај во Италија кон крајот на февруари. Преку користени сочувани примероци од крв утврдено е дека најпрво биле заразени млади, кои го ширеле вирусот на постарите, кои пак не успејаа да ја надминат болеста.

КОВИД 19 сега царува и на црниот континет. Тука е пријавена и најмладата жртва во светот – двомесечно предвереме родено бебе, чија мајка била позитивна на вирусот.

Дека ситуацијата со коронавирусот и понатаму е непредвидлива, предупредуваат руските научници. И покрај тоа што речиси половина од петте милиони заразени оздравеле, сепак стапката на смертност се уште не се намалува. А тоа, според руските научници, предизвикува сериозна загриженост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This