March 29, 2024, 10:29 am

Кoрoнaтa повторно збecнa на Балканот, нaјкpитичнo е во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Короната се распламти во регионот. Освен Македонија каде изминатите две седмици бројката на новозаразени константно е трицифрена, и во Србија повторно дневниот број на заразени надмина 100 лица, а ништо подобра не е состојбата, со рекорден скок на заболени, ниту во Хрватска, БиХ, но и во другите земји од Балканот.

Во Србија повторно е донесена задолжителната обврска за носење маски, како и почитување на физичката дистанца од 1,5 метри. И Словенија бележи нови случаи. Вчера се потврдени седум нови случаи, со што бројот на заразени се искачи на 1.541 лице.

После неколку денови пораст на бројот на заболени и во Црна Гора, Словенија оваа земја ја тргна од листата на „земји кои се корона безбедни“. Црна Гора беше последна земја во Европа во која пристигна корона вирусот. Бидејќи бројот на заразени драстично не порасна, а со денови немаше заразени, Црна Гора прогласи крај на епидемијата. Меѓутоа, во последните неколку денови и земјата бележи скок, па така само вчера се потврдени 11 нови случаи, како и тоа дека во земјата активно заразени се 65 луѓе.

Најкритично е во Македонија, каде во текот на вчерашниот ден потврдени се 134 случаи, а починаа осум лица.

И во Босна и Херцеговина дневниот биланс нималку не е наивен. Пред два дена во земјата имаше преку 90 заболени, додека вчера потврдени се 88 случаи, а едно лице почина. Моментално активни се преку 1.200 случаи.

Што се однесува до останатите земји во регионот, Бугарија вчера ја продолжи вонредната состојба до 15 јули. Причината зад тоа е уште 128 новозаразени од вчера, а забележан е и еден смртен случај. Во Романија ситуацијата и понатаму не се смирува, дотолку што само вчера потврдени се преку 300 случаи, а регистрирани се и 16 смртни случаи.

Во Унгарија засега работите навидум се под контрола бидејќи бројот на нозозаразени е едноцифрен. Слично е и во Грција, каде вчера се потврдени осум случаи.

Во Албанија вчера регистрирани се уште 67 случаи на корона вирус, а две лица починаа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This