Кocoвo co нoви 10 пoчинaти зa 24 чaca

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косово во минатите 24 часа регистрира 10 починати и 707 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 550 пациенти

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вклучително последните случаи, како последица на пандемијата, починале 914 од вкупно 34.295 лица кај кои е откриен вирусот од појавата на епидемијата.

Болеста досега ја совладале 21.043 лица кај кои е откриен вирусот, а активни во моментов, според официјалните податоци, се 12.338 случаи.

Вчера биле извршени 1.831, а вкупно досега 131.186 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Повеќе од половина од новозаболените, вкупно 380, се од главниот град Приштина, која е жариште на епидемијата во Косово, со околу 12.700 заразени од појавата на пандемијата. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This