Кoj ќe cнocи oдгoвopнocт aкo нeкoj ce зapaзи co koвид зa вpeмe нa пoпиcoт – пoпишyвaчoт или opгaнизaтopoт?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако е казниво лице во самоизолација заради ковид зараза да излегува од дома во опасност да зарази други луѓе, тогаш како одеднаш не е казниво попишувачи да му влезат во домот по секоја цена? Оваа дилема се наметнува откако Државниот завод за статистика објасни дека ќе влегуваат кај болните од корона-вирусот за да ги попишат.

-Доколку лицето е само, нема домаќинство, нема семејство, тогаш нашите попишувачи цо целосна заштитна опрема ќе влезат во домаќинството и ќе го попишат лицето – рече Јасмина Ѓоргиева од ДЗС.

И не е само горенаведената дилема, туку и кој ќе одговара за евентуалното ширење на заразата под вакви околности: попишувачот или организаторот на пописот? Ова не е дефинирано според протоколите, коментира ММС.

Пред неколку дена Комисијата за заразни болести се иззема од одговорност во врска со спроведување на пописот на што инсистира власта по секоја цена. Велат не биле тие што одлучувале дали ќе се одвива или не попишувачката операција. На нив до тој момент се потприраше директорот на ДЗС Апостол Симевски, повеќе пати повторувајќи дека ако Комисијата за заразни болести препорача дека не е време за попис заради екстремното ширење на пандемијата – тој тоа ќе го почитува. Сепак откако Комисија се одлучи да стои на страна, Симевски повторно и ја врати топката. Но, според сите состојби на терен и пораките од власта, пописот нема да се стопира, дури ни по цена на раст на смртни случаи каква што е моменталната ситуација.

Според последната анализа на „Економист“ Македонија е трета во светот по прекумерна смртност од ковид 19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This