Кoj ce извeкoл пapи со инcaјдepcки инфopмaции од Еуpoстaндаpд бaнкa? – Тeчaт poкoвитe за oбeштeтyвaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој се повлекувал пари пред да пропадне Еуростанадард банката? Дали имало инсајдерски информации од Народаната банка дека и се спрема пропаст неколку месеци порано, кога и министерката за финансии Ангеловска си ги извадила парите.Зошто Народната бака не го вклучила црвениот аларм една година порано кога веќе знаеле дека адекватноста на капиталот паднал под законскиот минимум. Одговор на овие прашања бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

Втората крупна дилема е дали е направено се за да се спаси банката, со оглед на тоа што сопственикот вели дека за истата биле заинтересирани и странски инвеститори.

Третата крупна дилема која ја отвора сопственикот на банката е нејзиниот имот. Дали недвижниот имот станува атрактивен за одредени кругови на власта?, прашува Гордана Димитриоска Кочоска од ВМРО ДПМНЕ.

Вчера и самиот сопственик на Еуростандард Костовски обелодени дека имало значително повлекување пари изминатиот период, и, според него, ништо не е случајно. За пропаста на банката ги обвини поранешното раководство на банката , како и Народната банка. Универзитетскот професор пак, Бранимир Јовановиќ бара сите државни функционери да не го ставаат личниот пред јавниот интерес – односно ако знаеле дека се спрема затворање на банка, не смееле да си ги повлечат сопвените пари и со тоа да ја злоупотребат службената положба.

Како можна причина за затворењето Костовски вчера ја посочи и атрактивната локација на самата банка и мрежата од 330 експозитури на Македонска пошта, со која имаат склучено договор. Додаде и дека имотот е ставен под хипотека, поради земен кредит од фирма од групацијата Костовски во вредност од 5 милиони евра од Комерцијална банка. Денеска од оваа банка појаснуваат дека не Еуростандард, туку фирмата Гофи има кредит од 5 милиони евра, а како обезбедување на овој кредит е ставена зградата на Поштенска банка и дел од зградата Палата Македонија.

Со затворањето на Еуростандард , над 100 илјади граѓани останаа со блокирани сметки. Речиси 55 илјади пензионери и корисници на социјална помош не можат да си ги користат сопствените пари, кои им беа единствен приход за преживување во месецот. Пензионерите имаат рок до 21, односно до наредниот петок да си одберат друга банка и да си отворат нова сметка таму. Корисниците на социјална помош и парични надоместоци, ако немаат друга сметка , истото треба да го направат до 25 август. Овие лица нема потреба да одат до ПИОМ или до социјалните служби, затоа што самата банка која ќе ја изберат ќе ги информира службите дека идните уплати треба да ги префрлат на новите сметки.

Инаку, од Банкарската Асоцијација велат дека сите банки ќе им излезат во пресрет на ѓраѓаните со сметки во Еуростандард а посебно на пензионерите и социјалците кои не треба да бараат никави исписници или одјави. Спремни се и да ги рефинансираат кредитите кои ги имале граѓаните во Еуростандард. Напоменуваат дека банките и штедилниците си остануваат стабилни и сигурни.

Извор: sitel.com.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This