Кoja е Гopдана Димитриecка Кочocка – нoвиoт член Извpшниoт кoмитeт на BMPО-ДПMHE?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Димитриеска Кочоска е Магистер по економски науки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со оваа компанија управуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пишува порталот Бизнисвести.мк

Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области, како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар Белград, а лиценцирана од CA Akademie AG.

-Ми претставува особена чест што од денеска токму јас сум дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Посебна одговорност е ваквата доверба која ми ја укажа претседателот Христијан Мицкоски, а ја поддржа и потврди Централниот комитет на партијата.

Работевме и ќе продолжиме да работиме во насока на подобрување на севкупните општествени текови. Нашата борба не застанала, туку напротив, од сега уште посилно ќе продолжи со една мисла, со една цел, а таа е јасна: Да ставиме крај на ова мафијашко владеење и да си ја земеме Македонија во свои раце.

Македонија е наш дом, наша светлина и за неа вреди секоја борба и жртва“, се вели во објавата на Гордана Димитриеска Кочоска синоќа на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This