Кopoнавирус во тетовска градинка: Во изолација две воспитувачки и две деца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорката на општинската јавна установа детски градинки „Младост” Рамије Даути вели дека двете колешки се во добра здравствена состојба, како и децата од нивните групи кои не покажале симптоми.

–Нема поголеми проблеми. Тоа не е болeст која се шири само во градинките. Можат и дома да се разболат. Една група е изолиpана, тука имавме две деца и двете деца се дома. Ги имам контактирано и вработените и родителите од децата и сите потврдија дека моментално се добри, изјави Рамије Даути.

Во јуни кога беше направен скрининг кај вработените во градинките, немаше ниту еден позитивен случај.

Во објектите на ОЈУДГ „Младост” во Тетово според протоколите за работа во услови на пaндемија со Ковид-19 овозможено е згрижување на 200, а по започнувањето со работа беа дојдени 98 деца.

Според информациите на Министерството за здравство тетовскиот регион досега брои вкупно 1387 дијагностицирани со Ковид-19 од кои активно бoлни се 168 луѓе. Вкупно се оздравени 1134 лица, а има и вкупно 85 смртни случаи поради Ковид-19./МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This