Кopoнaвиpycот ce пojaви и вo хpвaтcкaта Влaдa: Пoзитивнa миниcтepкaтa Брњац, yштe двaјцa министри одат во caмoизoлaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватската министерка за туризам и спорт, Николина Брњац е позитивна на коронавирус, па заради нејзиното учество на состанокот во Владата во сабота, мерка за самоизолација е изречена за двајца хрватски министри, а на останатите присутни им е изречена мерка на пасивен надзор, јавува Хина.

Самоизолација е одредена на министерот за труд, Јосип Аладровиќ и министерот за економија и одржлив развој, Томислав Чориќ, кои седеле покрај министерката Брњац.

Линк може да погледнете тука.

„Министерката за туризам и спорт, Николина Брњац објави дека се тестирала за коронавирус, а резултатите од тестот покажаа дека таа е позитивна“, рекол портпаролот на владата, Марко Милиќ.

Министерката денеска почувствувала симптоми на болеста и одлучила да се тестира, но е во добра здравствена состојба со блага клиничка слика, односно благо покачена температура, додал Милиќ.

Таа, како и членови на нејзината фамилија, ќе бидат во самоизолација, додека двајцата министри ќе бидат во самоизолација 14 дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This