Кopoнaтa никaкo дa cтивнe – Peгиcтpиpaни 139 нoвoзaбoлeни во тeкoт на изминaтoтo дeнoнoќиe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-1, Делчево-1, Свети Николе-6, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од: Скопје-132, Куманово-22, Дебар-8, Штип-14, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1, Битола-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Кочани-3, Демир Хисар-4, Делчево-3, Свети Николе-23, Кичево-6, Неготино-1.
Починат е пациент од Охрид (66г.) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12217, бројката на оздравени пациенти е 8487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3200. Денес се евидентираат пет контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 5239, активни 1057
Куманово 1193, активни 264
Дебар 221, активни 122
Штип 1002, активни 342
Прилеп 347, активни 35
Тетово 1103, активни 173
Струга 493, активни 159
Велес 238, активни 25
Битола 171, активни 71
Охрид 304, активни 77
Кавадарци 134, активни 102
Гостивар 606, активни 304
Гевгелија 26, активни 15 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
Струмица 43, активни 27
Крива Паланка 28, активни 14
Радовиш 36, активни 11
Крушево 16, активни 3
Кочани 120, активни 28
Пробиштип 64, активни 18
Демир Хисар 49, активни 31
Македонски Брод 57, активни 44
Пехчево 6, активни 0
Берово 10, активни 6
Валандово 7, активни 1
Виница 35, активни 31
Делчево 6, активни 1 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 15, активни 3
Свети Николе 250, активни 86
Кичево 220, активни 128
Ресен 146, активни 11
Неготино 32, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1627 теста се преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-30, Авицена-174, Биотек-167, МАНУ -132, Жан Митрев (Филип Втори)-161, Систина со PCR метода -175, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-15, ГАК-14. Досега во земјата се направени вкупно 119102 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 6 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 137 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 152
Аеродром – 132
Бутел – 65
Гази Баба – 103
Центар – 98
Карпош – 108
Сарај – 44
Кисела Вода – 96
Ѓорче Петров – 73
Студеничани – 35
Шуто Оризари – 81
Арачиново – 19
Илинден – 17
Петровец – 8
Чучер Сандево – 8
Сопиште – 10
Зелениково- 5
Странец – 3

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This