Кopoнa вo Рaбoтнички на 10 дeнa пpeд нoвaтa ceзoнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На десетина дена пред почеток на новата сезона во македонското кошаркарско првенство, потврдено е дека има позитивен кошаркар на Ковид-19.

Станува збор за кошаркарот на Работнички, Демиер Питс, за кого клубот од центар потврди дека ќе биде изолиран поради позитивноста на последниот тест.

Ова остава сомнеж дали новата сезона би можела да почне според планираното:

Почитувани граѓани,
Би сакале да ја информираме јавноста дека американскиот плејмејкер Демиер Питс, кој неодамна ја продолжи соработката со КК Работнички е позитивен на вирусот КОВИД-19.
Кај Питс е евидентиран позитивен тест, по направените редовни контролни тестирања од страна на раководството на КК Работнички. Тестирани се и останатите играчи, кадешто тестовите се негативни на вирусот КОВИД-19.
До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување, Американецот Демиер Питс останува во изолација.
Почитувајќи ги протоколите за работа и мерките од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, КК Работнички продолжува со редовна работа и одржување на тренизите со останатиот кошаркарски тим, за подготовка на домашните првенства и меѓународни натпреварувања.
„Му посакувам брзо опоравување на Демиер Питс и враќање во тимот со останатите соиграчи. За сите дополнителни информации, навремено ќе ја информираме јавноста за состојбата на нашиот колега.
Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките и да бидат индивидуално одговорни за заштита на колективното јавно здравје“ – изјави директорот Ненад Павловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This