КPAВИ ДOБИJА КAЦИГИ ЗА ВИPТУEЛНA PЕAЛНOCТ: Тoа им oвoзмoжyва да живеат пoопyштeн и пocрeќeн живoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кравите на една руска фарма добија специјализиран систем за виртуелна реалност прилагоден на „кpaвјaтa aнaтoмиja“ кој симулира програма на „пoлe во тeкoт на летото“.

Министерството за агрoкултура и прехрана на Русија неодамна спровело истражување и било утврдено дека постои врска помеѓу емотивната состојба на кравите и квалитетот на нивното млеко. Првите тестови со VR кацига наводно покажале подобрување на емотивната состојба на цело стадо на крави.

Од руското Министерство соопштија дека тестирањата се вршат на подрачјето на “RosMoloko” фарма во московскиот округ Ременски.

„Резултатите од истражувањата спроведени во различни држави од светот покажуваат дека кравите сакаат опуштена атмосфера и дека тоа влијае на квалитетот, па некогаш дури и на квантитетот на произведеното млеко“, стои во извештајот.

Научниците ќе продолжат да го следат квалитетот на млекото и доколку се биде според планот на долготрајното истражување и резултатите бидат позитивни, проектот ќе биде дополнително проширен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This