ЛАВДРИМ МУХАЏЕРИ УБИЕН ВО СИРИЈА: Косовскиот терорист кој отсекуваше глави пред камери, убиен во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лавдрим Мухаџери од Косово е убиен во воздушен напад со дрон додека се борел на страната на ИСИС во Сирија, наведува денес приштинскиот информативен сајт „Газета метро“, повикувајќи се на извори од косовското МВР


За Мухаџери, кој е од Качаник, се верува дека бил командант на терористичката група на албански борци на ИСИС, а САД го ставија на листата на глобални терористи. Претходно, Мухаџери бил вработен во базата „Бондстил“ на Косово, каде што и неофицијално добивал борбена обука.

Наодите за неговото убиство се појавија и претходно во 2014.година, но подоцна беа демантирани.

РТС наведува дека овој пат веста за неговата смрт ги потврдил и неговиот соборец Шеукан Корачи, кој преку Фејсбук соопштил дека „братот е убиен“, и моли „Алах да го прифати помеѓу мачениците, пророците и добрите луѓе“.

Мухаџери е убиен вчера во напад на американските сили на терористите во Сирија.

Инаку, Мухаџери во јавноста е познат по бруталната егзекуција на војник на сириската војска, на кого пред камери му ја отсече главата, а беше лидер на единица која ја сочинуваа екстремисти од Косово и од други делови од регионов.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This