April 25, 2024, 10:32 am

ЛАВИНА НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ ЗА НИНА: Водење финансии на една држава не е продавање купони за попуст за масажа и спа…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако и официјално беше предложена од страна на Заев за нова министерска за финансии, Нина Ангеловска на „Фејсбук“ објави статус во кој вели дека со гордост ја прифатила понудената можност.

„По речиси 10 години домашно и интернационално искуство и значителна меѓународна препознаеност на мојата напорна работа и придонес, чест ми е што моето знаење, потенцијал и ентузијазам за промени, се препознаени да бидат ставени во функција на прогресот на нашата држава. А честа е уште поголема затоа што основaта е целосно непартиска. Понудата ја гледам како шанса, да бидам предводник на промени во земјата во која ја планирам и својата иднина“, стои во дел од статусот на Ангеловска.“

По ова следеа коментари од нејзините пријатели на оваа социјална мрежа, кои и честитаа за нејзината нова функција. Она што паѓаше во очи беа и лавината негативни коментари кои и порачаа дека не и е местото во политиката

– На која држава само ако може да нагласиш?

– Нина со среќа, вистински браво за успесите, мене најискрено ми е kpиво што се впушташ во игра со највалkаните „хиени“ во РМ.

– Се надевам дека ќе има субстанцијална координација, но и разграничување помеѓу ресорите економија и финансии. Уште повеќе се надевам дека немаш идеолошки пpоблеми со кои вообичаено се интоксицира ова министерство. Пpоблеми кои ги има и премиерот.

– Неверојатно е со каква леснотија луѓе се нафаќаат на нешто што ниту го разбираат, ниту имаат доволно животно искуство. Ентузијазам за промени?! Фискални политики?! Менаџерски способности?! технологии, модерно претприемништво, нови бизнис модели…?! Ти зборуваш за сектор економија, а не за финансии…

– Мислам дека воопшто немаш појма што значи водење финансии на една држава и креирање на макроекономски политики и што се тоа опфаќа. Сигурно не е продавање купони за попуст за масажа и спа…. Жал ми е што ќе си ја расипеш 5та што напорно си ја градела. Уште повеќе што се нафаќаш на ваква позиција во вакво време. Претпоставувам дека барем на момент си се запрашала зошто никој од поголемите економски умови во Македонија досега не се нафатил да биде министер по оставката на Тевдовски?!

– Почитувана Нина, да ја повториме првата лекција по основи на екомија од професорот Фити, целта за која се нафаќаш … време на технологии, вештини, развој на модерното претприемништво и нови бизнис модели, дигитални комуникации и производство…. е во надлежност на Министерството за економија или Министерството за информатичко општество. Министерот за финансии ниту задржува млади во земјата, ниту промените може да дојдат преку фискални политики туку баш тоа што го наброја,а што за жал не е во надлежност на Министерството за финансии. Сочувство до професорите од Економски за ова што го сведочат, тешко е и за нив, но и за нас како нивни студенти ќе издржиме ќе дојдат подобри времиња.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This