ЛАВИНА ОД КРИТИКИ ЗА ИЗГЛЕДОТ НА ЌЕРКАТА НА КИМ И КАНЈЕ:Има 5 години, а излегува нашминкана како возрасна жена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Семејството Вест уживаше во концертот по мисата во неделата. Иако Канје направи добра атмосфера на сцената, ѕвезда на денот беше неговата петгодишна ќерка Норт Вест.

Таа беше среќна што му се приклучи на славниот татко на сцената и сите ги одушеви со своите танцови чекори. Норт Вест носеше црн фустан со бретели кој од страна имаше моден додаток во форма на пердуви, а во комбинација со црни чизми Д-р Мартинс.

Многумина забележаа дека петгодишното девојче има професионална шминка, што го осудија преку социјалните мрежи бидејќи Ким Кардашјан неодамна изјави дека на галеницата ѝ дозволуваат шминка само кога игра додека е дома.

„Мислам дека не треба да носи трепки или темен кармин. Сакам да се изрази преку тоа, но важно е да не биде нападно и претерано”, рече Ким (37) неодамна.

Реалити ѕвездата беше многу горда што нејзината галеница добро се забавува, па ги сними нејзините танцови движења и ги објавени на „Инстаграм“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This