April 26, 2024, 11:21 am

ЛАВРОВ ЗАГРИЖЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН: На средбата со словенечкиот министер констатирана опасност во регионот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенечкиот и рускиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец и Сергеј Лавров, денес во Љубљана разговараа за ситуацијата во регионот на Западен Балкан изразувајќи загриженост за безбедносната состојба и стабилноста во тоа подрачје

„Сите сме загрижени за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан“, изјавил Ерјавец на заедничката прес-конференција со Лавров, кој претстојува во дводневна работна посета во Словенија.

Словенија и Русија се согласуваат околу тоа дека овој регион е важен и поради стабилноста на Европа, а со обзир на фактот дека „регионот има проблеми со радикализацијата и враќање на странски борци од боиштата“, изразија загриженост министрите.

„Регионот освен ова се соочува со одлив на млади образовани луѓе во странство“, вели Ерјавец.

Додава и дека тоа може да се спречи со странски инвестиции, посебно во инфраструктурните проекти.

Говорејќи за состојбата на државите во регионот и односите Исток и Запад, Лавров рече дека начелата кои на некои држави им се поставува – дека од нив се бара да се изјаснат за тоа дали ќе соработуваат со Западот или со Русија, и дека е штетно ако Русија заговара таканаречена „мултивекторска политика“, при што државите би соработувале со оние од кои имаат највеќе интерес и желба за соработка.

Според неговите зборови, барањата државите да се определат за Запад или Русија доведоа до криза во Украина во која се наоѓа и сега, вели, постои опасност од „националистички, ксенофобични и нацистички изливи, што неодамна се виде по нетрпеливоста кон унгарското малцинство во Украина“.

Ерјавец оцени дека меѓусебните посети на претседателите на двете држави, Борут Пахор и Владимир Путин, кои се реализирани во последните две години, даваат резултати, односно дека двете земји имаат традиционално пријателски односи и редовен политички дијалог, со соработка на разни подрачја.

Посебно, како што вели, важна е економската соработка, па минатата година меѓусебната трговска размена е зголемена за 15% во прите 11 месеци на 2017 година и изнесувала повеќе од милијарда евра.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This