ЛАВРОВ ЗА МЕНУВАЊЕТО НА ИМЕТО: Преговорите започнаа кога САД реши дека треба да ја вовлече Македонија во НАТО, рушејќи ги сите специфичности на народот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лаворв одржа голема конференција за медиуми во врска со делувањето на руската дипломатија во 2017. Министерот одговараше на парашања на претставници на медиумите за односите помеѓу Русија и САД, НАТО, ЕУ, решавањето на кризата во Украина, Сирија, Корејскиот полуостров, како и за современите закани: тероризам и сајбер-безбедност


Минатата година не беше едноствна од гледна точка на надворешната политика: останаа многубројни активни жаришта во различни региони во светот, соопшти Лавров на почетокот на прес-конфернецијата.

Тој потсети дека „ситуацијата е сериозно заострена од гледна точка на заканите кои се слушнаа од Вашингтон“, вклуичително и проблемот со Корејскиот полуостров кој може да се реши „исклучиво со сила.

Во врска со Македонија, Лаворв изјави дека разговорите во врска со официјалнот име на државата е поврзано со желбата САД да ја внесат Македонија во НАТО. Тој нведува дека досега преговорите за овој проблем досега беа во „полусон“.

„Тие се активираа дури кога САД одлучија дека Македонија теба да биде во НАТО“, рекол Лавров.

Рускиот министер нагласи дека, бидејќи Грција веќе е во НАТО, таа нема потреба од отстапки, за разлика од Македонија „која треба да се вовлече во НАТО“.

„Без разлика какво име Грција и Македонија ќе договорат за земјата, ако тоа биде официјално решено и внесено во Уставот на Македонија, тоа сигурно сите ќе го признаат. Меѓутоа, се надевам дека сите разбираат: не се земаат во обзир некои општи и специфични црти на двата блиски народи, туку се уништуваат за сметка на влез во НАТО“, рече Лавров.

19 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This