April 25, 2024, 12:28 pm

ЛАВРОВ ЗА ТРАМП: Зборовите се зборови, делата се дела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Москва го дели мислењето со претседателот на САД Доналд Трамп за воспоставување на руско-американските односи, но ќе се суди според делата, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

1109763765

„Ние, како што наведе претседателот Путин, сме подготвени да го поминеме делот од својот пат за заздравување на комуникацијата на нашите народи во интерес на глобалната безбедност и стабилност. Се согласуваме со ставот на претседателот Трамп за воспоставување на нормални односи. Притоа, секако, ќе судиме според делата, наведува Лавров.

Тој додаде дека Москва очекува дека новиот претседател на САД нема да се меша во внатрешните работи на другите држави.

„Очекуваме дека Доналд Трамп, кој објави дека целта му е пред се решавање на проблемите во Америка, да ги прекине мешањата во внатрешните работи на другите држави и дека ќе се држи до таа политика“ рече Лавров.

„Немаме илузија дека ќе дојде до ново рестартирање со САД, не гаиме наивна надеж. Знаеме дека Трамп се смета за мајстор за склучување на Договори, но и Владимир Путин истотака е Мајстор и знае да се договара, секогаш во интерес на Русија“, изјави Лавров.

Портпаролот на Претседателот на Русија   Дмитриј Песков изјав денес дека администрацијата на рускиот претседател за сега не е во контакт со тимот на Доналд Трамп, но дека работи на негово воспоставување.

„Трамп сега има потполнет распоред и се работи на воспоставување на телефонски разговор, иако за сега нема сеуште датум“ изјави Песков на новинарите.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This