ЛАВРОВ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ ЧИСТАТ И ШТИТЕНИЦИТЕ НА САД: Повеќе нема милост за терористите, вклучително и за опозицијата поддржана од САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лавров нагласи дека сите терористи мораат да го напуштат Алепо,  а доколку не го сторат тоа ќе бидат мртви.

lavrov-2-si

 – Повеќе нема да ги разликуваме припадниците на Ал Нусра Фронтот или ИД од американските штитеници, така наречени умерени бунтовници.Од сега за нас сите тие се терористи. Ако во наредните денови одбиваат да ги напуштат местата во Алепо, ќе бидат ликвидирани сите до еден. Тоа е последна порака која им ја испраќам и добро би било да ја сватат сериозно- се закани Лавров.
Тој истакна дека Кремљ нема повеќе трпение со екстремистите , ниту за Америка, која напразно се повлече од преговорите со Русија за решавање ан состојбата во Алепо.
 – Америка ги повлече своите предлози, која предходно ни ги достави, според кои постигнавме договор милитантите да го напуштат Алепо во правец кон провинцијата  Идлиб. САД сега не изненадно не известија дека во догледно време ќе ни достават нови предлзи. Тоа не е првпат Вашингтон на хартија да ветува едно, а потоа тоа да го прекрши. Бидејќи американските партнери не се сериозни во преговорите, Русија веќе нема да чека- наведува Лавров.
Според неговите зборови, Москва е  загрижена што САД и нејзините западни сојузници ќе ги поттикнат своите штитеници во Сирија на радикални потези, како што беше гранатирањето на руската мобилна воена болница во Алепо, и тоа во момент на прием на цивилни пациенти.Убедени сме дека нападот беше испланиран. Нападот беше толку прецизен што е невозможно медицинската установа да била погодена случајно- рече рускиот шеф на дипломатијата.

Инаку, минатите неколку месеци во Алепо се води жестока војна. Сириската војска со поддршка на руската авијација успеа да го исчисти источниот дел од градот од терористи, како и неколку квартови. Доколку продолжат со тоа темпо, се очекува Алепо за неколку недели да биде потполно ослободен.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This