March 28, 2024, 10:40 pm

ЛАВРОВ СО ДЕТАЛИ: Милитантите што ја нападнаа мисијата на ОН во Дума беа предупредени однапред

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот министер за надворешни работи, во интервјуто за “Спутник”, го коментираше инцидентот кога припадници на ОН беа нападнати со огнено оружје во сирискиот град Дума.

“Во времето кога беа во областа, пукањето започна од делот од градот каде што имаше уште неколку десетици екстремисти, кои беа јасно предупредени однапред за тоа кој конкретно ќе пристигне во областа и за која цел”вели министерот Сергеј Лавров.

Персоналот надлежен за безбедност на мисијата на ОН кој ја посети Думата за да ја процени ситуацијата во градот пред работата на експертите на ОЗХО, во средата беше нападнат со огнено оружје од милитантите. Ниту еден од офицерите на ОН не бил повреден, но нападот ја попречи истражувањето на ОЗХО за наводна употреба на хемиско оружје во Дума.

Главниот дипломат за “Спутник” изјави дека Москва е “загрижена поради тоа што голем број играчи се обидуваат да ги попречат активностите на ОЗХО. Не се сомневаме дека професионалци на високо ниво работат во ОЗХО, како во Хаг, така и оние кои се испратени на мисијата во Дума. Сепак, ние исто така не можеме да исклучиме, бидејќи постојат одредени докази за тоа, дека овие експерти, овие научници може да се користат за политички цели “.

Според рускиот министер, одредени сили сакале да ги спречат експертите на ОЗХО веднаш да стигнат до местото на наводниот хемиски напад во Сириската Дума.

Она што Западот го смета за хемиски напад во сирискиот град Дума на 7-ми април, без да даде никакви докази, освен снимките од озлогласената група “Бели шлемови”, служеше како изговор за САД, Велика Британија и Франција да отпочнат ракетен напад со над 100 проектили против Сирија.

Ова се случи само еден ден пред специјалисти на ОЗХО да влезат во Дума за да истражат. Рускиот хемиски корпус ја посетил болницата Дума и ги испитал сведоците за инцидентот и заклучи дека нема траги од напад со хемиско оружје.

Снимката на Белите шлемови се докажа дека е лажна од докторот кој работи во болницата, каде што е снимено видеото, како и од момче кое е дел од виедеото и неговиот татко. Москва тврди дека провокацијата беше искористена за да предизвика ракетен напад на САД во Сирија и предупреди за таков развој на настаните еден месец пред нападот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This