ЛАВРОВ СО КРИТИКА ЗА МАКРОН: Лавров го нарече ставот на францускиот претседател Макрон за Сирија “колонијален”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот и кинескиот министер за надворешни работи одржаа заедничка прес-конференција по разговорите во Пекинг, кои беа посветени на ситуацијата на Корејскиот полуостров, по одлуката на Северна Кореја да ги прекине нуклеарните и ракетните тестови, како и ситуацијата во Сирија.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги критикуваше ракетните напади извршени од страна на САД, Франција и Велика Британија за Сирија, велејќи дека тие имаа за цел да ја спречат истрагата на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) за наводната употреба на отровни супстанции во Дума, Источна Гута.

“Двете страни дале екстремно негативна оценка за ракетниот напад на САД и нејзините сојузници на територијата на Сириската Арапска Република. Ова е сериозно кршење на меѓународното право”, рече Лавров на прес-конференцијата по состанокот со неговиот кинески колега, Ванг Ји.

“Дури и оние земји кои биле принудени да кажат зборови за поддршка … што ги презеле САД, Велика Британија и Франција, биле принудени да го сторат тоа. Повеќето од нив совршено разбираат дека ова е неприфатлив начин за решавање на најсериозните меѓународни кризи, Додаде Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го нарече ставот на францускиот претседател Емануел Макрон за Сирија “колонијален”.

Ракетнире напади на западот врз Сирија, предизвикани од наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума, беа “провокација”, која дојде токму во времето кога сирискиот уставен процес требаше да започне, рече Лавров во понеделникот.

Кина целосно ги поддржува напорите на Русија да го врати сирискиот процес за решавање на спорот во рамките на резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, објави во понеделникот кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји.

Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН бара сите страни веднаш да престанат со какви било напади врз цивилни цели и ги повикува сите земји-членки да ги поддржат напорите за постигнување на прекин на огнот.

“Ние сме против каква било употреба на хемиско оружје и сметаме дека е потребна објективна непристрасна истрага за она што се случи [во Дума]”, додаде министерот.

Инспекторите на ОЗХО досега не ја посетија локацијата на наводниот хемиски напад во Дума, ниту хемиски лаборатории на милитантите во ослбодените зони, вели рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Инспекторите на ОЗХО треба да ја завршат својата работа во сирискиот град Дума без надворешен притисок; Русија ќе инсистира да ја посетат секоја локација поврзана со наводниот хемиски напад во Сирија, рече Сергеј Лавров.
Претходно, се појавија извештаи за наводниот напад со хемиското оружје во Сирија, објавен на интернет страниците на сириската опозиција на 7 април, тврдејќи дека во Сирија се случи хемиски напад во градот Дума, во близина на Дамаск.

Сириската влада ги отфрли сите наводи, истакнувајќи дека сите хемиски резерви се уништени, што беше потврдено од страна на ОЗХО.

Иранскиот нуклеарен договор

“Ние сме против ревидирање на овој договор, сметаме дека е многу контрапродуктивно да се обидеме да го доведеме до нула она на што со години се работело преку разговорите меѓу шесте големи сили и Иран”, истакна Лавров.

“Ние ќе ги попречиме обидите да се саботира овој договор, и она што е зацртано во резолуцијата на Советот за безбедност на ОН”, додаде Лавров.
Односите меѓу Иран и САД се влошија откако дојде Доналд Трамп на власт во Америка, особено поради критиките на американскиот претседател за мултилатералниот договор кој предвидува постепено укинување на западните санкции против Иран, а во замена од Техеран се бара да прекин со својата програма за нуклеарно оружје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This