ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ: Владата ги изманипулира и излажа младите со гаранциите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште една лага и манипулација со граѓаните од владата предводена од Зоран Заев и СДСМ. Владата на Заев во предизборните кампањи ветуваше дека секој млад човек ќе добие можност за вработување, можност за обука, пракса и слично.

Младинската гаранција беше нешто што Зоран Заев и неговата партија го ветуваа на сите млади, а Владата сега се фали дека се спроведува како пилот- проект во само три општини.

Заев заедно со Шеќеринска во предизборните кампањи ветуваа дека ќе овозможат младите да добијат грантови во вредност од десет илјади евра. Иако е помина повеќе од половина година Агенцијата за вработување не доделила ниту еден грант по оваа основа.

Младите во Македонија повторно се излажани. Владата ветуваше едно, а прави нешто сосема друго. Владата ги манупила младите и ги лаже. Ова не е начин владата предводена од СДСМ да се однесува со младите. Со ова Заев само може младите само дополнително да ги натера да ја напуштаат земјата.

-И самите млади неколку пати реагираа и тоа одамна, сфатија дека се излажани, реагираат упатените во оваа област.

Младите коментираат, и онака е тешка ситуацијата млад да најде работа, и изгледа за џабе завршува факултет, зошто работните места се само за во кафулиња, продавачи.

-Доколку државава прави планови за упис на студенти од сите области, треба да проектира и дали има такви работни места, однсоно дали таков кадар и треба на државата. Но, се покажува дека никој не мисли за нас, изјави дипломиран правник кој како што не информира работа бара веќе трета година и ништо од тоа.

-Сега за да заработам, работам во кафуле, додава тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This