ЛАГATA НА ЗАЕВ ЌЕ НЕ ЧИНИ УШТЕ ПАРИ: За целосна реализација на автопатот Кичево-Охрид се обезбедуваат допонителни средства

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целосното реализирање на изградбата на автопатската делница Кичево-Охрид вклучува финансирање на непредвидени и дополнителни градежни работи. За таа цел Собранието по скратена постапка да го усвои Предлог-законот за гаранција на РС Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот, кој ќе се склучи меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Експорт – импорт банката на Кина, истакна заменик министерката за финансии Ширет Елези на собраниската седница.

-Проценетата вредност на дополнителни финансиски средства за проектот изнесува 179.694.572,51 американски долари, додека вкупната вредност на проектот е 684,7 милиони долари. Потребата за обезбедување на дополнителни финансиски средства произлегува од непредвидени и дополнителни работи за тунел Пресека, непредвидени работи за широк ископ и санација на свлечишта, непредвидени и дополнителни работи за изградба на 8 денивелирани патни јазли: клучки и еден алтернативен пат од Врбјани до патен јазол Арбиново-рече Елези.

Успешната реализација на овој проект ќе има директно влијание на зголемувањето на вработеноста и економскиот раст. Населението кое што живее во регионите каде што се изведуваат работите на изградба на автопатот ќе има корист од намалување на транспортните трошоци и времето на патување, подобрување на квалитетот на патничкиот и товарниот сообраќај и ќе се создадат значајни можности за вработувања, особено во индустријата за изградба на патишта. Имплементатор на проектот ќе биде Јавното претпријатие за државни патишта.

Заменик министерката за финансии Елези посочи дека рок за отплата на заемот е 20 години, со вклучен грејс период од 5 години а каматна стапка е фиксна и ќе изнесува 2 проценти на годишно ниво за целото времетраење на заемот.

По усвојувањето на Законот за гаранција од страна на Собранието на Република Северна Македонија ќе следи потпишување на Договорот за заем меѓу ЈП за државни патишта и Експорт – импорт банката на Кина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This