April 20, 2024, 11:57 am

ЛАДА ПУШТА ПИКАП ВО УПОТРЕБА: Ќе може да се товара до еден тон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот производител на Лада ќе лaнcирa пикап направен врз основа на моделот Granta, кој ќе се карактеризира со зголемен капацитет на товарање. Таквото возило може да пренесува cтoки до еден тон. За споредба, пикап-камион базиран на УАЗ може да оптовари до 765 килограми. На тој начин Лада ќе стане конкурентна и во овој сегмент на возила.

Може да се претпостави дека за зголемување на товарноста ќе се користи зacиленa каросерија но компанијата не откри повеќе детали. Ако таков модел се појави во продажба, тогаш може да се претвори во најпристапниот пикап на пазарот.

Според статистичките податоци за продажба во 2019 година, пикапот UAZ се смета за најбаран автомобил во овој сегмент во Русија. За 12 месеци, овој модел беше продаден во 3.600 примероци (-5,2 проценти во однос на 2018 година). На второто и третото место во Русија се наоѓаат Toyota Hilux и Mitsubishi L200, кои се продадени во количини од 3.180 и 2.019 единици.

Лада важи за издржлив автомобил и влегувањето во сегментот на пикап возила сигурно ќе значи и зголемена продажба не само во Русија туку и на пазарите кад еим апотреба од вакви лесно доставни возила по попристапни цена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This