Ладeн тyш од ЕУ за Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ЕУ, Питер Стано, денес посочи дека во случајот на Косово, не се исполнети сите потребни услови со цел евентуалното барање за кандидатура на Приштина во ЕУ да биде „сeриозно разгледано“ во Брисел.

„Секој може да направи што сака, но реално, кандидатурата се поднесува и сериозно се разгледува само ако исполнувате одредени критериуми, а еден од нив е дека сте признати како држава од сите земји-членки. Без тоа, не можете да започнете вистински процес“, рече Стано.

Тој така одговори на прашањето на албанските новинари дали неговата изјава и невозможноста на кандидатурата на Косово за членство во ЕУ е од политичка или правна природа, пренесува Танјуг.

„Тоа е факт на животот: ЕУ прифаќа само признати држави како членки“, заклучи Стано.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This