ЛАЖАТ ТЕЛМА И АЛФА ТВ: Пендаровски не бега од ТВ дуел, само не сака да гостува каде што „Гога бришеше под со него“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски испратија демант на информацијата објавена на веб страницата на телевизија Алфа дека Пендаровски прво прифатил, па откажал ТВ-дебата со противкандидатката Гордана Силјановска Давкова.

За да се спречи ширење на шпекулации, во врска со гостувањето на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, не е точно дека ТВ Алфа, не добила никакво објаснување, како што е наведено во текстот објавен на веб страницата на телевизијата.

Вистината е дека до Телевизија Алфа е испратен одговор по електронска пошта кој го пренесуваме во целост:

„Поради веќе договорени активности и набиена агенда на кандидатот за претседател Стево Пендаровски ве известуваме дека не сме во можност во посочениот термин да одговориме на вашето барање.

Во првиот круг од кампањата Пендаровски одговори на сите барања за јавни настапи од медиумите, вклучително и на вашиот медиум, каде што веќе се реализираше интервју со кандидатот за претседател Стево Пендаровски, согласно вашите барања.

Поради кратките рокови и веќе договорените теренски активности на кандидатот за претседател, го запазуваме принципот за учество на телевизиските соочувања на оние медиуми каде што немаше тв дуели и интервјуа во првиот изборен круг, со исклучок на националниот сервис МТВ.

Цениме дека принципот на подеднаква присутност на сите медиуми во рамки на кампањата дава еднаква важност на медиумите и рамномерен, избалансиран пристап во однос на медиумската застапеност и достапност до граѓаните, пишува во демантот испратен од ИШ на Пендаровски.

Претходно, Пендаровски не се појави на ТВ-дебата на Телма, па ги обвини Гордана Силјановска Давкова, новинарката Снежана Лупевска, но и телевизијата Телма дека лажат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This