„ЛАЖЕШ, А ТОА НЕ САМО ШТО ЛАЖЕШ, ТУКУ СУШИШ ЛАЖЕШ“: Гледавме како Заев се колнеше дека нема да го менува Уставот, а сега гледаме дека се излажа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Излегуваше премиерот и викаше „јас нема да дозволам промена на Уставот, додека дишам“, се колнеше во предците, се колнеше во дедовината, во татковината, се колнеше во најмилото, за на крај да видиме што се случи, истакна претедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат М.

Вели дека премиерот Зоран Заев давал интервјуа во светски списанија во кои говореше дека морало да го задржи натписот „Влада на Република Македонија“, за неколку недели потоа да излезе и да каже дека нема да биде премиер како што се колнеше претходно, туку ќе биде премиер на Република Северна Македонија.

– Од овие авантуристички и „купи ден – продај“ политики, од овие политики „вети, а не исполни“, од овие политики „лажеш, а тоа не само што лажеш, туку сушиш лажеш“ губат сите граѓани. Се губи кредибилитетот на институции, кои со години го стекнувале пред македонската јавност. Не може вака, мора овие луѓе да заминат, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This