April 19, 2024, 10:27 am

ЛАЖНИ СЕ ПОРАКИТЕ: Од канцеларијата на премиерот ја демантираат точноста на пораките – тврдат дека се работи за „лaжнa вест“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Канцеларијата на премиерот, Зоран Заев категорично ја отфрла како неточна и конструирана наводната преписка на електронски канал за комуникација која се прикажува како наводно да била водена меѓу премиерот и измислен „разочаран член на владејачката партија“, објави ТВ21.

„Категорично тврдиме дека се работи за лaжнa вест, конструирана содржина, графичка мaнипулaциja која единствено има за цел да шири лаги и со тоа да наштети на угледот на премиерот Заев. Најостро ја осудуваме оваа постапка со која се погазени принципите на професионалното новинарство и медиумот кој ја злo0упoтpeби својата улогата со објавување на оваа невистина“, велат од Владата.

Оваа содржина најпрво ја објави еден портал, а потоа истата и ВМРО-ДПМНЕ ја презентираше на прес-конференција преку портпаролот Димче Арсовски. Од Владата побараа само извинување од порталот, но засега нема реакција за обвинувањата од опозициската партија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This