April 26, 2024, 10:13 am

ЛАЖHA BECT НА СДСМОВСКИ ПОРТАЛ: Во пензија ќе се оди на 64 години, а не како досега на 67 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Заев со одлична вест: Во пензија ќе се оди на 64 години, а не како досега на 67 години – Пуштен е нов закон во Собрание“. Ова е насловот на провладиниот портал „Центар“, кој сензационалистички најавува мерка која веќе постои. Во Македонија осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж.

Она што всушност на трибината во Куманово го вети Зоран Заев, е укинување на мерката која гласи „Доколку работникот се чуствува способен за работа, и неговото работно место нема поголем физички напор, со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст доколку со закон поинаку не е утврдено“.

Носиме нов закон наместо досега со избор до 67 години да се оди во пензија, го пуштивме законот со 64 години да се оди во пензија. Да ослободиме работни места за младите луѓе, најави Заев.

Она што уште повеќе боде очи во овој очигледно популистички и лажен наслов е што на истата трибина премиерот зборуваше за нивната борба против лажните вести.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This