ЛАЗАРОВ СО ДВЕ БОМБИ ОД ДЕВЕТ МЕТРИ: Фантастичен старт на Митревски, Македонија оди кон победа против Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометната репрезентација на Македонија одигра одлични први 30 минути на првиот натпревар од Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, откако во рамки од групата Б, нашите ракометари со позитива од три гола заминаа на одмор на натпреварот против Украина (13-10).

 

 

 

Во отсуство на стандардниот дефанзивец, Велко Маркоски, кој се повреди на подготовките, неговиот брат Никола ја презеде одговорност во одбраната, а од првата минута на голот предност доби чуварот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски.

Шестото учество на континенталните собири го започнавме со промашен зицер на Манасков, но крилото на Веспрем веднаш се поправи и погоди за отворање на резултатот (1-0). По голот на Манасков, капитенот Лазаров со две бомби од девет метри најави дека е целосно подготвен за овој собир, но не го реализира првиот седмерец и пропушти шанса за прво водство на нашата селекција од два гола.

Бебешко се реши за напад „седум на шест“ со двајца кружни напаѓачи, но нашата одбрана беше на ниво во воведните десет минути и на чело со одличниот Митревски не дозволи Украина да се разигра.

 

 

 

 

Во 14. минута Гоце Георгиевски со својот прв гол ја одлепи Македонија на +3 (6-3), по што следуваше реакција од Бебешко, кој го искористи своето право на тајм-аут. Крилото на ЦСМ Букурешт продолжи во свој стил и погоди за 7-4, но следуваа две грешки во нападот, па Украина преку Остроушко се врати во игра и намали на само еден гол негатива (7-6).

Кога беше најпотребно Лазаров ја презеде одговорноста и со нов гол од девет метри зголеми на +2, а Танкоски со својот деби-погодок на европските првенства па Талески со проектил ја издигнаа Македонија на четири гола разлика (10-6). Но, како и по претходното посериозно водство, така и овој пат, нашите ракометари не успеаја да го сочуваат истото и Украина со серија од 3-0 намали на 10-9.

 

 

 

 

 

Сепак, украинската серија кратко траеше, а се разбрани и Митревски, па на полувреме се замина со водство на Македонија од три гола.

Голманот на Еурофарм Пелистер собра 12 интервенции, најпрецизен беше Лазаров со четири гола, а по два постигнаа Манасков, Талески и Георгиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This