ЛАЗАРОВ СТАНУВА МЕНАЏЕР: Репрезентативецот со сопствен клуб во Првата македонска ракометна лига

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, ќе има свој клуб и во Првата македонска ракометна лига, откако КЛ7 и официјално беше пријавен за настап во второто по квалитет натпреварување на домашната сцена (зад Супер-лигата). Рокот за пријавување истекува на крајот од месецов, а КЛ7 реши да се испроба и во сениорска конкуренција. Овој клуб умешно ги поставуваше темелите во изминатите години, создаде силни екипи во младинските категории, за сега да се направи чекор напред и да се пријави сениорски тим, во кој младите би добиле можност да ги продолжат кариерите на највисоко ниво.

Клубот дефинитивно ќе биде базиран во Скопје, а огромни се шансите домаќин да биде во салата „Расадник“, доколку се финализираат преговорите за нејзино преземање и реновирање со помош наспонзорскиот тим на Лазаров. За тренер на тимот именуван е поранешниот стратег на Вардар, Андон Бошковски, кој ланската сезона ја мина на чело на суперлигашот Струга.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This