March 19, 2024, 11:14 am

Лазаров фантастичен, Нант го „пpecлуша“ Монпелје пред Ф4 во ЛШ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот ракометен капитен и селектор Кирил Лазаров со својот Нант на убедлив начин стави крај на настапите во домашниот шампионат.

Учесникот на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во рамки од последното коло од француското првенство одигра моќно против големиот ривал Монпелје и славеше убедлива победа од десет гола разлика (36-26).

Сепак, и покрај успехот против вицешампионот, Лазаров и неговиот тим во следната сезона ќе се натпреваруваат во Европската лига, односно во ракометната елита ќе патува само шампионот ПСЖ.

Натпреварот во Нант започна со тотална доминација на домашните ракометари. Токму Лазаров, заедно со Монар и Мине беа мотивирани и расположени за надигрување и на својот тим му донесоа убедлива предност уште по првите 30 минути (21-11). Во вторите, шпанскиот стратег Ентрериос се реши да ги сочува силите за претстојниот завршен турнир во Лигата на шампионите. Но, и покрај тоа Монпелје не успеа да направи ништо повеќе од тоа да се помири со пораз од 36-26.

Нашата ракометна легенда со четири гола од пет обиди беше меѓу најдобрите стрелци во редовите на Нант. Најпрецизен беше Монар со седум, а Мине запиша пет погодoци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This