ЛАИЦИ ЌЕ ГИ ПРАВАТ ДВОЈАЗИЧНИТЕ ТАБЛИ ЗА СЕВЕРНА: Oва остава простор за повторување на бројните правописни грешки, кои беа забележани досега

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во меѓуресорната група која се очекува да се формира за спроведување и следење на мерките кои произлегуваат од Договорот од Преспа, а поврзани со промена на табелите на државните органи и институции, нема да членуваат јазични експерти. Ова остава простор за повторување на бројните правописни грешки, кои беа забележани досега, објави 21ТВ.

Носител на овој орган ќе биде Генералниот секретаријат на Владата. Новите табли ќе бидат на три јазици, на македонски, албански и на англиски. На пример, табла на едно министерство би изгледала:

Министерство за Транспорт и Врски

Ministria e Transportit dhe Lidhjeve

Ministry of Transport and Communications

На таблите ќе фигурира и новото уставно име на државата, Република Северна Македонија. Членови на групата ќе бидат државни секретари и претставници на разни министерства. Секој ресор ќе има по еден претставник, додека некои државни институции ќе имаат поголеми задачи за спроведување на овие препораки, како што се: МНР, МВР, Министерството за правда и Генералниот секретаријат на Владата. По ова, сите други државни органи ќе треба да формираат работна група која ќе работи по директива на оваа група.

На наредната владина седница ќе се дознаат имињата на членовите на групата, кои ќе се занимаваат со спроведување на новото уставно име на таблите на сите државни институции во Македонија. Промената треба да следи откако Грција ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО, а со тоа и треба да почне примената на новото име Република Северна Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This