Ламборгини SC20; Неверојатен и уникатен уличен болид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За последниот производ годинава Squadra Corse и Centro Stile ги здружија силите за да задоволат нарачка на муштерија кој беше вклучен во проектот уште од првиот цртеж. Двете одделениа на ”бесниот бик” тесно соработуваа и работеа да се направи и испорача примената нарачка, која, претпоставуваме, е со вртоглава цена. Желбата беше автомобил за патека да се трансформира во хомологиран за секојдневна употреба.

И во тоа е успеано во потполност. ЅС20 е инспириран од родстерите на Lamborghini Diablo VT Roadster и Aventador J, но искористени се детаљи од Veneno Roadster и Concept S. Каросеријата е изработени од јаглеродни влакна чии форми се рачно исполирани поради оптимален проток на воздухот што оди во прилог на перформансите и на ”посадата” која добива конфорно возење без покрив дури и при високи брзини.

Ова е многу важно бидејќи ЅС20 нема ниту ветробранско стакло туку само дифузор што го усмерува воздухот над главите на патниците. Издадениот преден спојлер е врамен со две крилца а мускулозниот заден дел завршува со голем спојлер чија поставеност може да има три позиции.

Моторот е базиран на знаменосецот, 6,5 литрениот V12 со 770 коњи и 720 Nm. Него го управува оптимизирана седум степена менувачка кутија преку која силата се пренесува на сите тркала низ централен електронски диференцијал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This