Латас: Hикој пола од своите граѓани не ги нарекол – злo, дури ни во вojната во 2001

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За Заев сите што не гласаат за Шилегов се зло. Тежок збор, особено од политичар кој и плата и тоа над плата со тендерите и марихуаната го добива од сите граѓани. Да наречеш зло најмалку 100.000 скопјани, и 300.000 останати низ Македонија е голем ризик, и покажување лична злоба и омраза. Покажување немоќ и потврда за насилен карактер, пишува во својата последна колумна Драган Павловиќ – Латас.

Сме имале ние многу премиери, претседатели, министри… oд ’91 наваму но, ниту еден од нив не покажал толку зол карактер, прогони, и презир кон својот народ како Зоран Заев. Никој пола од своите граѓани не ги нарече – зло. Дури ни во воената 2001.

Па уште одозгора министерот за правда, Маричиќ, преку кој оди контролата врз обвинителите и судиите, се пожали дека на социјалните мрежи граѓани им се заканувале на функционери и гласачи на СДСМ. Момакот заборавил за речникот и делата на неговата шарена револуција. Заборавил дека бараа бесење за политички неистомисленици, судења без суд туку од улица, дека кршеа глави на полицајци со бекатон плочки, дека уништуваа туѓ и јавен имот… и тоа не преку Фејсбук, туку конкретно, на дело.

Кандидатот на СДСМ за Центар, Горан Герасимовски, шпарта низ Скопје со Фрчкоски, Ѓунер Исмаил и лудион Бранко Тричковски за да биде, демек, промовиран. Треба ли на Маричиќ да му напишам едно 200 постови, изјави, навреди и закани од Фрчкоски и особено ментолот Бранко Тричковски до сите кои не се од СДСМ. Треба ли да го потсетам за повикот и наведување на убиство од Тричковски врз десетина луѓе од јавниот и политичкиот живот. Од нивниот Тричковски, кој е плаќан од нивните товени портали.

Целата колумна на Латас тука

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This