April 23, 2024, 10:42 pm

Лаура Баси – првата жена со титула доктор и првата вработена во академска институција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако одреден број жени можеби се занимавале со наука или филозофија, до 19 век на мал број од нив им било дозволено да учествуваат во работата на академските институции и научните друштва. Меѓу нив била физичарката Лаура Баси.

Лаура Марија Катерина Баси Верати (1711-1778) во сочуваните портрети е прикажана како римската Минерва, божицата на мудроста. Таа била прва жена со титула доктор во областа на природните науки, и втора во светот, по Елена Корнаро Пископија, со докторат од филозофија. Истовремено, била првата жена со платена професорска позиција на универзитет, во случајов Универзитетот во Болоња. Истовремено, била првата жена членка на какво и да било научно друштво, избрана за Академијата на науки на Болоња во 1732, на возраст од само 21 година.

Баси немала формално образование, и учела со приватни тутори од петгодишна возраст. Била особено талентирана за наука и математика. Забележувајќи ги нејзините способности Просперо Ламбертини, архиепископот на Болоња (подоцна папа Бенедикт XIV), станал нејзин заштитник. Со негово посредништво таа јавно го одбранила својот докотрат на 17 април 1732. Еден месец подоцна се вработила како прва жена наставник на универзитетот, но сепак не ѝ било дозволено да предава пред групи кои се состоеле само од машки. Ламбертини, кој до тогаш веќе бил Папа, ѝ помогнал да добие дозволи за приватни часови и експерименти.

Баси станала најзначајниот промотор на Њутновата механика во Италија. Ја држела катедрата за експериментална физика почнувајќи од 1776 до смртта.

Паралелно со својата научна кариера, Баси успевала да се грижи за семејство – имала осум деца, а нејзиниот сопруг бил Џузепе Верати, исто така научник, кога таа била избрана за раководител на катедрата, станал нејзин асистент!

Била позната не само низ Европа, туку и до Америка, како „жената која го разбира Њутн“. Поети пишувале песни за начинот на кој таа ги претставувала неговите теории од областа на оптиката. Секако, помогнало и тоа што Болоња во тоа време била позната како „рај за жени“, промовирајќи култура на славење на успехот на жените. Градот дури и издал медал во нејзина чест, со натпис: „единствената на којашто ѝ било дозволено да ја види Минерва“. Сепак, нејзините успеси инспирирале бројни други жени во различни научни дисциплини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This