Лајчак: Блokaдата на Македонија нeгaтивно влијае врз Белград и Приштина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека блокадата на Македонија поради спорот со Бугарија лошо влијае врз соседните земји, посебно Србија и Косово, јави дописничката на МИА од Брисел.

Лајчак денеска заедно со заменик претставникот на Стејт Департментот на САД за Европа, Габриел Ескобар, одговорија на неколку прашања во рамки на конференцијата организирана од страна на Европскиот центар за политика.

На прашањето на МИА како гледа на блокадата на Македонија за почеток на пристапните преговори, Лајчак призна дека ситуацијата има негативни последици врз дијалогот помеѓу Белград и Приштина и повика на брзо решавање на спорот.

– Се разбира дека ова има последици врз дијалогот и тие последици се негативни, фактот што Македонија не отвори преговори со ЕУ негативно го погоди кредибилитетот на ЕУ во регионот, јас со ова лично се соочив за време на моите посети и патувања, и нема да се подобри сѐ додека Македонија и Албанија не започнат со преговорите, изјави специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан.

Тој додаде дека Европската Унија мора да го исполни ветеното кон оние земји партнери кои своите ветувања ги исполнија, како што е случајот со Македонија.

Лајчак се осврна на политичката криза во Бугарија каде изборите никако не резултираат со јасни резултати.

– Изборите не произведоа власт со јасен и силен мандат, и сега треба да чекаме влада со мандат и да го решиме ова прашање без одлагање, изјави Лајчак.

Специјалниот претставник не одговори на прашањето за последниот „нон пејпер“ што излезе во јавноста во Македонија со нови предлози за решение помеѓу Скопје и Софија.

Некои дипломати во Брисел за МИА коментираат дека станува збор за еден вид притисок и обид да се актуелизира прашањето.

Претставникот на САД на денешната дискусија во Брисел, Габриел Ескобар, уште еднаш ги повика земјите членки на ЕУ да изнајдат решение за Македонија да ги започне преговорите со ЕУ.

– Што се однесува до С. Македонија и Бугарија ова мора веднаш да се реши и да и се дозволи на Македонија да го продолжи патот по кој макотрпно работеше за резултати, се согласувам дека ова билатерално прашање не смее да го попречи процесот на проширување и се надевам дека ЕУ ќе изнајде механизам за да се реши, рече Ескобар.

Тој упати и порака до земјите членки на Европската Унија дека Вашингтон очекува поголема поддршка од некои земји членки на ЕУ за проширувањето, но одби да ги именува и нагласи дека Унијата треба да биде свесна оти Западниот Балкан е регионот со најбрз економски раст во Европа, поради што и е и потребен на ЕУ.

Ескобар исто така одби да го коментира наводниот „нон пејпер“.

Европратеничката Виола Фон Крамон од своја страна истакна дека спорот помеѓу Бугарија и С Македонија не смее да се одолговлекува.

– Требаше десет години да се реши спорот помеѓу Грција и Македонија, немаме толку време, барам да се изнајде решение, има формати како Жан Моне дијалогот, треба да се напредува што побргу, да се оди во земјите и да се изнајдат предлози дури и пред изборите, рече пратеничката.

Во Брисел постои страв дека поради изборите во Бугарија закажани за ноември, Македонија повторно ќе биде блокирана на декемврискиот Совет, под словенечко претседателство.

– Нова блокада би имала сериозни последици како за земјата така и за регионот, сложни се во институциите на ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This