April 20, 2024, 10:02 am

ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТА, ПРЕПЛАШЕНА: Без преговори за ЕУ, ЛГБТ заедниците во Македонија и Албанија ќе бидат изложени на ризик!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здружението за еднакви права на ЛГБТИ заедницата за Западен Балкан и Турција (ЕРА), како и Меѓународната асоцијација на лезбејки, геј, бисексуалци, транс и интерсекс (ИЛГА Европа) испратија заедничко писмо до Европската унија, до владите на Хрватска, Франција , Данска и Холандија, со предупредување дека блокирањето на преговорите за влез во ЕУ на Албанија и Македонија ќе се одрази на правата на ЛГБТИ.

Писмото било испратено и до Оливер Верхели, Европски комесар за еза проширување, до Жосеп Борел Фонтели, висок претставник на Европската унија и до Гордан Грлиќ, хрватски министер за надворешни работи.

Во писмото се вели дека „Одлуката да не се отворат разговори за пристапување со Албанија и Северна Македонија и покрај нивните јасни напори и достигнувања, штети на кредибилитетот на пристапниот процес низ целиот регион, процес кој е фундаментален во подобрувањето на правните права и социјалното прифаќање на ЛГБТИ луѓе “

Тие предупредуваат дека ова ќе резултира заедниците на ЛГБТИ повторно да бидат изложени на ризик од зголемена маргинализација и помала поддршка и простор за развој на движењата.

Тие ја повикуваат ЕУ и сите нејзини земји-членки да ја подигнат свеста за последиците од ситуацијата и „да направат се што е во нивна моќ за да обезбедат почетокот на разговорите за пристап е деблокиран“, пишува албанскиот пoртал Exit.al.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This