ЛГБТ САЈТ ОД МАКЕДОНИЈА ПОЧНА СО ПЛАТЕНА КАМПАЊА И РЕЛАМИ: Зоран Заев е отворен за хомосексуални бракови и посвојување деца во РМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЛГБТ сајтот „Queer.mk“ почна со платена кампања и реклами во Македонија со наслов и порака дека премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев е отворен за дебата за легализација на хомосексуалните бракови, што значи и посвојување на мали деца од хомосексуални двојки.

Изминативе денови одеше платена кампања и реклама низ цела Македонија преку платени огласи на Фејсбук, а се работеше за веста за отвореноста на Зоран Заев кон дебата и прифаќање на легализација на хомосексуалните бракови, кои после тоа ќе можат да посвојуваат мали деца.

 

Пратеничката Ивана Туфегџиќ од СДСМ : Хомосексуалците треба да посвојуваат мали деца во Македонија и да стапуваат во хомосексуални бракови

Пратеничката Ивана Туфегџиќ која е дел од владејачкото мнозинство и стана пратеник како кандидат на СДСМ во вчерашното гостување на Топ Тема на Телма телевизија, изјави дека хомосексуалците треба да склучуваат бракови и да посвојуваат деца.

Имено, на прашање на дали треба да има истополови бракови во Република Македонија, таа изјави дека смета треба да има хомосексуални бракови.

Исто така, на прашањето дали смета дека хомосексуалните двојки треба да посвојуваат деца, пратеничката Ивана Туфегџиќ од СДСМ истакна дека гледа позитивно на сите прашања кои што се отворени за ЛГБТ заедницата, согласувајќи се дека хомосексуалците треба да посвојуваат мали деца.

 

ЛГБТ активистот Боки 13: Сакам да посвојам 3 деца, ќе поднесам барање до мојата пријателка од СДСМ министерката Мила Царовска

Самонаречениот хуманитарец, ЛГБТ активистот, пријателот на Зоран Заев и поддржувач на СДСМ, Боки 13 изјави дека сака да посвои три деца.

Боки 13 најави дека во понеделник ќе поднесе барање до надлежното министерство за труд и социјална политика, каде што министерка е неговата пријателка и поддржувач Мила Царовска од СДСМ.

Нагласи дека очекува позитивен одговор, затоа што е во добри односи со целото раководство на СДСМ.

Боки 13 е познат по огромен број на скандали и фијаско на повеќе концерти. Неговата невладина организација нема веб сајт, ниту има повеќе информации во јавноста. Таму допрва се очекуваат скандали.

Боки 13 помошта секогаш ја дели пред многу камери и медиумска помпа, а носи чевли од 3.000 евра и костуми од 1.000 евра, трошејќи најмногу за себе.

 

СДСМ ја правда педофилијата, дали на мала врата ни се подготвува озаконување?

Владата на СДСМ преку нејзиниот министер за култура, Роберт Алаѓозоски отвора дебати и настани на кои се дискутира за ЛГБТ лицата и нивната општествена состојба . Настанот „Вечер на раскажување на квир приказни“, проект финасиран од Сорос Македонија, настанот беше отворен од министерот Алаѓозоски.

На дебатата говореше и Никола Шиндре, учесник на „Шарената револуција“ , кој јавно преку своите текстови ја релативизира педофилијата. Тој  и на својот фејсбук профил го објави  својот текст во кој ја правда педофилијата како нагон, кој сме требале да го разбереме, а не како силување на малолетници, фејсбук статус кој наиде на поддршка од страна на Ирена Цветковиќ, Кочо Анодновски, Румена Бужаровска, учесници на „шарената револуција“ и поддржувачи на СДСМ.

Шиндре во својот текст, пишува: „ Детето тука не го третираат како сексуално суштество, тие секогаш се позагрижени тоа да не е силувано, да не е заведено, да не е малтретирано, да не е вклучено во детска порнографија. “ Релативизирање на педофилијата која остава трајни лузни врз детото, создава општество на морално искривена подлога.

Шиндре со своите ставови наиде на поддршка и од едно од најгласните опозициски пера, Билјана Секуловска, која на својот фесјбук профил напиша:

„Текстот на Никола Шиндре не го прочитав како поддршка на педофилијата, туку неопходност од едукација на младите, кои се изгубени во самоспознавањето, затоа што се лишени од комуникација.“

Еден од подржувачите на Шиндре и неговите ставови за педофилијата е и Румена Бужаровска која беше честа со своите говори на  кампот на СДСМ пред Владата на Република Македонија.

„ Што се случува кога 12-годишно дете ќе посака секс или барем ќе се задоволува на помислата дека има секс со 50 годишен маж или жена, па подоцна ќе посака истото и да го реализира?!, пишува Шиндре  во својот текст.

Секако линкот од ваквиот текст споделен на својот фејсбук профил беше поддржан од Ирена Цветковиќ, Кочо Анодновски, Румена Бужаровска, учесници на „шарената револуција“ и поддржувачи на СДСМ. Дополнително фактот што министерот за култура на Република Македонија отвара дискусии за ЛГБТ заедниците и разговори во кои се релативизира педофилијата како кривично дело од најтежок вид, кажува дека Владата на СДСМ е отворена и за можни законски олеснувања, па дури и за легализирање нна педофилијата, каде не би бил виновен педофил за силувањето, туку детето кое според логиката на поддржувачите на СДСМ е сексуално суштество и има потреба од сексуално општење на свои 12 и помалку години со лица на 50 годишна возраст.

Отварање на теми како педофилија, и нивно релативизирање, како наводен нагон , а не како силување на малолетници врз кои се остава трајна писхичка лузна која тешко се брише и имаа влијание во нивниот понатамошен ментален развој е неморално и штетно за општеството.

Ваквите тези и ставови со кои треба да се врши некаква инклузија на ЛГБТ лицата и релативизирање на педофилијата како нешто нормално создаваат болно општество без никакви вредности.

Со поддршката на СДСМ на вакви настани и трибини се отвара прашањето: Дали СДСМ на мала врата ја протнува педофилијата како нормална општествена појава и дали ќе ја легализира истата?

Дали е ова отворањето на општеството според СДСМ, нашите деца да бидат силувани а педофилите да поминуваат неказнето бидејќи сме требале да го сфатиме нивниот „нагон“?

 

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не гласаа за легализација на исто полови бракови, СДС и ДУИ кукавички го подметнаа овој предлог

Бракот е заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена. Така било, така е и така треба да остане. На Македонија не и требаат експерименти со исто полови бракови или посвојување на децата без родители од страна на двојки од исти пол, изјави денеска на прес-конференција пред Собрание на Република Македонија, Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Без никаква дебата и без никакви аргументи, власта предводена од СДС и ДУИ на јавноста вчера кукавички и го подметна предлогот за легализација на хомосексуалните бракови, кој може да биде вовед во идно овозможување на посвојување на деца без родители од хомосексуални двојки, рече Ласовска.

Таа подвлече дека граѓаните не гласаа за исто полови бракови или отворање на можност хомосексуални двојки да посвојуваат деца. Ваквите законски измени ги немаа во своите програми ниту СДС, ниту ДУИ и затоа ние цениме дека е подмолно пост изборно да се подметнуваат вакви законски решенија.

-ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против индивидуалните слободи и изразување на сексуалната определба се додека тоа е согласно со закон. Според законот за семејство Член 6: „Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и на жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството. Односите помеѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и на жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање“, рече Ласовска.

Нагласи дека Македонија е традиционално општество каде се негуваат семејните вредности.

-Предлогот на пратеникот од владејачкото мнозинство сам по себе е спротивен на волјата и на ставот на огромното мнозинство граѓани за брак како заедница на еден маж и на една жена. Традиционалниот брак како заедница на еден маж и една жена во Македонија го поддржуваат и Македонци и Албанци и Срби и Турци и Власи и Роми и Бошњаци и христијани и муслимани и сите останати верски и етнички заедници. Истовремено, последнава недела иста група на активисти и сајтови блиски до СДС и парламентарното мнозинство се преполни со изјави за релативизирање на педофилијата, дефинирање на педофилите како маргинализирана група и признавање на исто половите бракови, заедно со посвојување на деца од хомосексуални двојки, рече Ласовска.

Според неа, СДС и Заев треба да го испорачаат тоа што им го ветија на граѓаните, а не да ги изигруваат граѓаните и да реализираат ветувања дадени пред некој друг.

 

Владиката Петар од МПЦ одлучно против педофилијата и хомосексуалните бракови

– Ако требаше да се мажат мажи со мажи и жени со жени, Господ немаше да ги создаде Адам и Ева, изјави вчера Владиката Петар.

Да внимаваме во каков дух ќе ги воспитуваме идните генерации, дали ќе ги учиме на вистинските вредности или на нешто друго, апелираше вчера Владиката Петар од дворот на манастирот Свети Јован Крстител во селото Слепче на отворањето на демирхисарското културно лето. Ако ни се нудат еднополови бракови тогаш бракот не е ништо, рече Владиката Петар.

-Ако требаше да се мажат мажи со мажи и жени со жени, Господ немаше да ги создаде Адам и Ева, изјави Владиката Петар. Тој посочи дека тоа силно ќе се одрази на вредносниот систем на младите.

Владиката Петар истакна дека и на Запад каде што односот кон ваквите прашања е полибирален сепак се наоѓа начин да се постави граница, при што го наведе примерот на Ангела Меркел и нејзиното одбивање да гласа за еднополови бракови.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This