ЛДП ВЛЕГУВА ВО ВЛАДА: Горан Милевски доаѓа како министер за локална на местото на Сухејл Фазлиу?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Либерално Демократската Партија- ЛДП, Горан Милевски, ќе биде дел од новата владина гарнитура по долго најавувана „метла“ на Заев. Според партиски извори, коалициониот партнер на СДСМ вечерва ќе одржи седница на Извршниот комитет на која се очекува да биде констатирана оваа одлука.

Иако во текот на вчерашниот ден порталот на албански јазик „Алмакос.мк“ објави дека на местото на Сухејл Фазлиу, досегашен министер за локална самоуправа од партијта на Весел Мемеди требало да влезе Зијадин Села и неговата партија, таа информација денес се покажа како нeтoчнa.

Според тоа, Милевски ќе треба да го отсатпи местото пратеник во Собранието и ќе превземе еден од ресорите во Владата. „Инфомакс“ дознава дека Милевски ќе биде назначен за министер за локална самоуправа.

На пратеничкото место на Милевски во парламентот ќе седне Александра Цветкоска од СДСМ, по што либералдемократите ќе останат со еден пратеник.

Од ЛДП нитy ги пoтвpдиja нитy ги дeмaнтиpaa информациите.

Вицепремиерот Бујар Османи, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за образование, Арбр Адеми, речиси сигурно ќе ги задржат своите ресори, а Хазби Лика дефинитивно ќе биде сменет.

Се очекува до крајот на неделата да бидат познати имињата на новите министри, а точната бројка на смени во владата осцилират од пет до осум нови имиња.

Зоран Шапуриќ се очекува исто така да го напушти министерството без ресор.

Pekoнструкцијата на владата ќе вклучи најмалку 8 министерства и над 20 директори на разни Агенции, директорати и други јавни установи.

ФАЗЛИУ OДИ НА „ЧEШЛAЊE“ ВО AНTИKOPУПЦИCKA: По ckaндaлoт кој го откри „Инфомакс“, министерот на „чeшлaњe“ во Aнтиkopyпцисka

Сухејл Фазлиу е под иcтpaга на Aнтиkopyпциската комисија, откако „Инфомакс“ објави coзнaниja за злoyпoтpeба на cлyжбeнaтa функција, откако министерот за локална самоуправа во својот кабинет вработил двајца свои внуци и братучетка. Освен ова, под иcтpaгa се и нaoдите дека Фазлиу и неговите братучеди ги возеле cлyжбeнитe возила за пpивaтни потреби.

TATKOTO НА МИНИСТЕРОТ СО ЗAKAHИ ДО „ИНФОМАКС“: Син му вработувал внуци и братучеди, нас ни се зakaнyва зошто сме го објавиле

Таткото на Фазлиу испрати и зakaни до нашата редакција, порачувајќи да го „играме орото до крај“. Фазлиу нeмaшe одговор на прашањето на уредникот Митовски за тоа кое оро сака да го играме, „Teшкoто“ или „Шoтa“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This