ЛДП ГО ИСКЛУЧИ ОД ПАРТИЈА, СДСМ ГО ОБВИНИ ЗА КРИМИНАЛ: Како криминалецот Жерновски стана дел од владата на Заев!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, во наредниот период ќе добие висока функција во извршната власт и според внатрепартиски информации на Курир од СДСМ ќе влезел и во извршниот одбор на партијата, истиот тој Жерновски кој токму од СДСМ беше обвинуван дека е криминалец. И членовите на СДСМ се шокирани од оваа одлука на нивниот лидер, самите тие прашуваат како да бидат сигурни дека сега тој ќе е некорумпиран, нема да злоупотребува моќ и дека ќе е способен за извршување висока функција на централно ниво.

Партијата во која што Андреј Жерновски беше лидер во периодот од 2011 до 2015 година, ЛДП вчера одлучи да го исклучи од партијата. Лица кои се поупатени во оваа тематика велат дека покрај најавата на Жерновски дека заминува во СДСМ, на оваа одлука кумувале и криминалите кои беа откриени за Жерновски во минатите три месеци.

Граѓаните се прашуваат дали мотото на СДСМ е „Ако крадеш ќе напредуваш“, додека пак членството на владеачката партија е гневно на одлуката на лидерот Заев, да му даде така одговорни функции, едната онаа која ќе ја добие во извршната власт, додека другата најверојатно во Извршниот одбор на партијата, а претходно токму Мирослав Шиповиќ од СДСМ, три месеци откриваше за криминалите на Жерновски. Инаку, Шиповиќ долго време претседател на Општинската организација на СДСМ во Општина Центар.

Претседателот на Советот на Општина Центар, низ текот на летото откри како Жерновски криминално ги трошел парите на центарци, за свое лично збогатување и задоволување на свои потреби.

Шиповиќ обвини дека градоначалникот на Центар, во текот на неговото четиригодишно владеење со општината со пари на центарци си шетал низ Европа и посетувал фудбалски натпревари. Тој кажа дека градоначаникот лажел дека бил на приватно патување, а излегле сметки дека тоа го платила општината.

-Градоначалникот ЛАЖЕ, на прашање на советник ИЗЛАЖА дека бил приватно во Франција а излегоа сметки за пат и престој кои ги платила Општината, лаже и дека со мене нема односи од моментот кога ме намести, Тој почна од првиот ден апсолутистички ( Груевистички ) да се понаша во Општината и од првиот момент немаме добри односи. Наместо да соработува со советниците за доброто на граѓаните тој соработува со луѓе вон Општината за свое добро, пиша на Фејсбук Шиповиќ.

Шиповиќ исто така на Фејсбук откри дека Жерновски си плаќал службени патувања, за кои не побарал дозвола и не поднел извештај за целите на службеното патување, обвини Шиповиќ

-Забележливо е дека градоначалникот Андреј Жерновски си се шетал по Париз на сметка на Општината, а притоа од никого не побарал дозвола за тоа, ниту пак поднел извештај за службеното патување, пишува Шиповиќ. Секој што службено патува знае дека за да се изведе службено патување треба одлука Управен одбор(во нашиот случај Совет на општината) и потоа на истиот орган му се поднесува извештај за остварените цели и задачи на службеното патување.

На крај во статусот Шиповиќ прашува: „А лани нели имаше некој фудбал во Франција?“.

Шиповиќ исто така откри дека Жерновски, со како што самиот тој вели неговите пајташи си направил договор меѓу општина Центар и Градежна фирма за вонсудско порамнување во износ од 90 милиони денари или 1,5 милиони евра и истите на три месеци биле платени.

Тој тогаш кажа дека со писмен допис барал да му се достави договорот на увид, бидејќи има сериозни индиции оти е прекршен законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

-Таков договор мора да биде одобрен од Советот на општина Центар, а воопшто не е ни разгледан, и градоначалникот не ми го доставува. Што ли крие? Ама аматер е за мене, јас со 40 години искуство, тој со ниедна, ќе откријам се што мува, напиша Шиповиќ на Фејсбук.

Шиповиќ тврдеше и дека корупцијата на Жерновски оди преку неговиот шофер, односно дека за маркица или за изградба на граѓаните им се јавува шоферот.

-Добро е што перцепцијата за корупција на градоначалникот е помала од претходните гарнитури, но не е добро што граѓаните се уште препознаваат корупција кај градоначалникот и неговиот ШОФЕР, пишува Шиповиќ.

Граѓаните коментираат дека доволно им било и волку кратко време, колку што е Заев на власт, нешто повеќе од 3 месеци, за да видат со какви луѓе си имаат работа, дека станува збор за луѓе кои гледаат само за лично ботање, а не за доброто на граѓаните. Во минатиов период се откри скандалозниот начин на збогатување на фамилијата Заеви, кои ја користат моќта која во овој момент ја има премиерот Зоран Заев и за багателни суми купуваат акции во фирми, како што беше со „Герас Цунев“, каде братучедот на премиерот, Трајче Заев купи 22,25 проценти од акциите за само 20.000 евра. Уште од низата скандали со збогатување на функционерите во Владата на СДСМ е и тендерот кој фирма на вицепремиерот Кочо Анѓушев го доби од ЕЛЕМ, во вредност од 2,6 милиони евра.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This