Лебот задолжително треба да биде дел од вашето дневно мени – Еве зошто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лебот е основна намирница која е вклучена во секојдневната исхрана и речиси во секој оброк. Македонската кујна и покрај тоа што е разновидна и изобилува со најразлични јадења, лебот одлично се вклопува во нив и секогаш е дел од македонската трпеза.

Иако честопати читаме за поврзаноста на лебот со зголемувањето на телесната тежина, треба да бидеме свесни дека тоа тврдење не е сосема точно. Лебот како и секој друг производ влијае врз тежината на долг рок доколку се консумира повеќе од потребното. Но, она што многумина не го знаат се придобивките кои ги добиваме од него.

Имено, производите направени од житарици се неопходни во исхраната, наспроти сите обвинувања дека тие се главната причина за вишокот килограми. Соодветниот вид на јаглени хидрати обезбедуваат долготрајна енергија во текот на денот и други бројни предности.

Здравствени придобивки

Бројни студии покажале дека јаглените хидрати кои се составен дел од лебовите кои можат да ги намалат и ризиците од кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2, висок крвен притисок, рак на дебелото црево.

Подобро расположение

Јаглените хидрати го зголемуваат нивото на неуротрансмитерот сератонин, кој е одговорен за доброто расположение во мозокот, а на оовј начин се подобрува расположението и се намалува желбата за нездрави грицки, како што се слатките. Предноста е двојна, ќе го намалите нивото на стрес, но и обемот на струкот.

Го подобрува варењето

Внесувањето на житарици од цело зрно преку специјалните лебови може да биде од исклучително значење за консумирањето на препорачаната доза од 28 грама влакна дневно, што ја спрелува појавата на констипација (запек).

Убава кожа и коса

Иако никој не би рекол дека убавината започнува од лебот, вистина е дека лебовите содржат големо количество на витаминот Б и протеини, што можат да го намалат бројот на години на вашата кожа и коса.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This