ЛЕВАНДОВСКИ ПРЕД МЕЧОТ МАКЕДОНИЈА-ПОЛСКА: Македонија е многу опасна на домашен терен, ќе ни треба силна иницијатива

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е главната ѕвезда во составот на Полска кој во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година ќе ѝ се спротистави на Македонија.

Главниот напаѓач на моќната селекција која воедно е и фаворит во групата не се опушта и смета дека ќе биде тешко неговиот национален тим да дојде до полн плен во Скопје, затоа што тимот на Ангеловски игра солидно на домашен терен.

„Сите гостински мечеви се тешки. Репрезентацијата на Македонија во изминатиот период покажа дека е многу опасна и солидна на домашен терен. Без иницијатива, ќе биде многу тешко да се дојде до полн плен. Ако играме на нашето препознатливо ниво, само тогаш можеме да бидеме смирени“, изјави Левандовски.

Полска по две кола има две победи, додека Македонија е на делба на второто место со четири бода. Дуелот се игра на 7 јуни од 20:45 часот во Скопје, а влезниците се веќе во продажба и чинат 150 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This