Левица: Гpaд Скoпje дa инвecтиpa вo coпcтвeнa oпpeмa зa чиcтeњe cнeг, a нe дa тpoши милиoни нa изнajмyвaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Град Скопје за чистење на снегот во зима, има склучено договор со приватна фирма која на тендерот се јавила како единствен понудувач. Чистење на снегот е од суштинска важност за непречено функционирање на граѓаните во зимски услови и тоа е обврска на Градот. Она што е симптоматично е што за чистење на снегот во Скопје, изминативе 8 години се склучува повеќекратен двегодишен договор со една иста фирма, а тоа е Аполо Инженеринг Скопје.

Со овој скандалозен договор е предвидено оваа фирма, да му ја стави на располагање на Градот, опремата за чистење на снег два пати во четири месеци или вкупно ефективни 40 работни часа месечно, како и да гарантира оператори за опремата, а за тоа Градот ќе треба да плати над милион евра. Она што е уште поскандалозно е што со овој договор предвидено е дека доколку се надминат овие работни часови, Град Скопје ќе треба да плати дополнително, а не содржи никакви одредби, што доколку во годината воопшто не падне снег и опремата воопшто не се користи.

Минатата година снег воопшто немаше во Скопје, а цената од страна на Град Скопје е платена во целост, што значи дека Градот платил за услуга која што воопшто не ја користел. Оттука, не можеме, а да не се запрашаме како е можно да се склучуваат вакви штетни договори кои Градот го чинат милионски суми и дали за тоа некој ќе сноси одговорност?

Во својата програма за Град Скопје, Левица предвидува создавање специјализирани општински јавни претпријатија за извршување на сервисни услуги од јавен карактер, со што ќе се замени тендер системот, а средствата ќе се искористат за задоволување на потребите на граѓаните, а не за лични интереси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This