„ЛЕВИЦА“ ПОВИКУВА НА НАРОДНА САМООДБРАНА: Отпорот е наша должност, излегуваме на масовни протести!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоа што некни се случи во Собранието на Република Македонија е само драмски чин на претставата каде тиранијата на политичките елити уште еднаш се маскираше во „демократија”! Поединците од двете криминални политички здруженија на СДСМ и ДПМНЕ, кои денеска се наоѓаат во македонското Собрание, како божемни народни претставници, после неуспешниот референдум за „Северна Македонија”, веќе не се легитимни да одлучуваат за промена на уставното име на Републиката спротивно на народната волја, пишува во Декларацијата на отпорот на политичката партија Левица.

„Политичката корупција не може да произведе правовалидни одлуки кои ќе го обрзуваат народот! Корумпираните пратеници, заради своите криминални досиеја, се подложни на уцени и поткупи што дополнително ја саботира нивната политичка способност да можат независно и, во согласност со волјата на народот, да носат легитимни одлуки во Собранието на РМ. Македонија е заробена држава во нивниот пеколен круг, а заткулисните антидемократски игри на двете политички орди му служат на еден ист господар – капиталот и парите.

Тие глумат спротивставеност, но кога доаѓа време за спроведување на вазалните одлуки на нивните империјални господари, што народот изрично ги одбил, овие структури – преку заемна заштита и зад затворени врати – ја кројат судбината на народот, по теркот на окупаторот. Затоа, веќе немаат смисла никакви повикувања на владеење на правото и утврдените стандарди и процедури, оти оваа одметната владејачка гарнитура ги има впрегнато сите власти под своја контрола и со политичките противници се справува користејќи го апаратот на државната принуда и репресија.
Поради ова, повикуваме на масовен граѓански отпор против сите инволвирани во оваа уставно-политичка криза и нејзино идно надминување преку ултимативно исполнување на следниве барања:

● Безусловно суспендирање на противуставната и илегална владина иницијатива за промена на Уставот на РМ и поништување на отфрлениот т.н. „Преспански договор”;

● Итно распуштање на парламентот и закажување на предвремени парламентарни избори;

● Формирање преодна техничка влада со ограничен мандат единствено за спроведување фер и демократски избори”, пишува во Декларацијата на отпорот.

Левица најавува дека во иднина се враќа на улиците и ќе ги искористи сите парламентарни и вонпарламентарни начини на политичка борба, со цел враќање на киднапираниот суверенитет на народот. Партијата најавува дека ќе бидат организирани масовни антивладини простести под мотото #НароднаСамоодбрана, пред законодавниот дом, во кој седат гробарите на АСНОМ-ска Македонија.
Отпорот е наша должност, се вели во апелот на Президиумот на Левица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This