Левица со амандман: Aко сакаат да работат онлајн, за Велигден задолжително да имаат вапцано јајце на камера

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овој е само еден од околу 1.400-те амандмани кои ги поднесоа двајцата пратеници од Левица за да не може да се воведе работата од далечина на заразените и на пратениците во изолација во екот на пандемијата, пренесе СДК.

Партијата Левица застапена со двајца пратеници во Собранието, во 1.400-те амандмани што ги поднела за да се блокираат предложените измени на Деловникот за онлајн работа на заразени и пратеници во изолација, има и еден што се однесува на Велигден.

Предлогот е за време на Велигденските празници, пратениците кои учествуваат во работата од далечина, пред себе задолжително да имаат велигденско јајце.

Амандманот е поднесен од пратеникот Борислав Крмов од Левица. Другиот пратеник е Димитар Апасиев.

Измените на собранискиот Деловник ги поднесе претседателот на Собранието Талат Џафери. Но, веднаш неговата иницијатива беше блокирана, со поднесување на 3.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и од Алијанса/Алтернатива, и со тоа осудена на пропаст уште на почеток.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This